fbpx
spot_img

Nova strip izdanja u Makedoniji

Нови стрип изданија на Стрип центарот на Македонија од Велес.

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес ја збогати македонската стрип сцена со три нови изданија, броевите 27 и 28 од ревијата „Стрип креатор“ како и стрип книгата „Хацон, Крал Пребонд, Климент Охридски“ од македонскиот доајен Миле Топуз.

Овие  изданија се дел од годишната програма за издаваштво на Министерството за култура на Република Македонија.
Според Томе Трајков од СЦМ – Велес, во оваа ревија свои први стрипови објавиле порано млади, а сега веќе поафирмирани стрип автори од нашата земја.

– Традицијата и сега не е прекината. Во последните броеви на „Стрип креатор“ се објавуваат стрипови почнувајки од ветераните Диме Иванов-Димано, Тоде Блажевски, преку неправедно запоставениот Јорданчо Давидовски и завршувајки до средношколката Калина Печевска. Исто така, во овие два броја е претставен еден дел од стрипот „Клеопатра“ кој, за жал, не ја доби поддршката од комисиите при Министерството за култура, информира Трајков.

Појаснува дека Стрип книгата „Хацон, Крал Пребонд, Климент Охридски“ од Миле Топуз дава придонес во популаризацијата на македонската историја од средниот век.

Инаку техничкиот дизајн на овие изданија е на Александар Стеванов кој и самиот е вклучен во списанието „Стрип Креатор“ преку стрипот „Мачорот што сакаше да биде крал на светот“ во коавторство со Катерина Тери Николовска.


Strip centar Makedonije (sa ofisom u Veles obogatio je makedonsku strip scenu sa tri nova izdanja: br 27 i br 28 časopisa „Strip Kreator“, kao i strip knjiga „Hatson ,Kralj Prebond, Kliment Ohridski“, rad makedonskog doajena Mile Topuza. Spomenute publikacije su sastavni deo godišnjeg programa Ministarstva kulture Republike Makedonije.

Časopis „Strip kreator“ je jedino stalno strip izdanje gde su prisutni pobednici, kao i bolji makedonski stripovi sa poslednjeg, 15 og Međunarodnog Strip Salona „Veles 2017“. Ovde su prve svoje strip radove objavili ranije mladi, a sada afirmisaniji strip autore iz Makedonije. Tradicija se ne prekida, i u zadnjem broju „Strip creatora“ ima objavljenih stripova, počev od veterana Dime Ivanova Dimana, zatim Tode Blazhevski onda nepravedno zapostavljeni Jordanco Davidovski i završava se do srednoškolke Kalina Pechevske… Takođe, u ova dva broja predstavljen je deo stripa „Kleopatra“, koji, nažalost, nije dobio podršku odbora u Ministarstvu kulture, kao i Vladimir Vesović, majstot balkanskog stripa.

Strip knjiga „Hatson, Kralj Prebond, Kliment Ohridski“, Mile Topuza doprinosi popularizaciji makedonske istorije iz srednjeg veka. Sa tim se još jednom potvrdilo da strip kao svetski poznata 9. umjetnosti može biti u širokoj upotrebi u društvenom životu, uključujući i obrazovanje.

Odgovornost za tehničku projektovanje ovih izdanja je preuzeo Aleksandar Stevanov i sam uključen u časopisu „Strip kreator“ kroz strip „Mačka koja želi da bude kralj sveta“ zajednički rad sa mladom Katarinom Teri Nikolovska.

Zoran Todorović
Osnivač „Pokazivača“. Tvorac novakovanja. Čovek koji od života želi sve ili ništa, a trenutno živi negde između.